29.06.2023 Скопје
Над 150 апсења се евидентирани синоќа по насилните судири што се случија низ цела Франција, откако 17-годишен возач на автомобил беше убиен на 27 јуни од страна на полицијата во Нантер, во близина на Париз, бидејќи не ја почитувал блокадата на патот.
Судирите се случија во предградијата и во најчувствителните населби на многу градови. Делумно е опожарено седиштето на општината Монс-ан-Бароул, недалеку од Лил, додека влезот во затворот Френес е делумно уништен.
Во Нантер и во многу други населби се случи вистинска урбана војна меѓу некои локални жители и полицијата, при што полицијата употреби солзавец како одговор на петардите и огнометот кои беа употребени од страна на граѓаните.
Подготвено од М.Н.