kosovo nemiri protesti

19.06.2023 Скопје

Косовската полиција изврши ново апсење меѓу демонстрантите во северниот дел на Косово, каде мнозинството е српско население.

Маж од српска националност рано утрово е уапсен во општината Лепосавиќ, а осомничен е дека е вмешан во нападот врз новинарите што се случи минатата недела.

Како што јавија српските медиуми, по обезбедување докази, косовската полиција утвдила дека уапсеното лице е вмешано во нападот врз новинарите на 16 јуни годинава.

Во Лепосавиќ за денеска напладне е закажан протест за поддршка на приведените Срби.

Ова е седмо апсење на Срби во северно Косово по инцидентите што се случија во последните недели по полагањето заклетва на градоначалниците од етнички Албанци во 4 северни општини со српско мнозинство.

Градоначалниците беа избрани со излезност од 3,4 отсто бидејќи српското население го бојкотираше гласањето.

Подготвено од М.Н.

About Author