https://www.facebook.com/photo.php?fbid=516740593142390&set=pb.100044193621427.-2207520000..&type=3

26.06.2023 Скопје

Со пребројани 91 отсто од гласовите Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА. Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада.

Во однос на распоредот во грчкиот Парламент, СИРИЗА е втора со 17,84 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто и 32 пратенички места, а Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници.

Потоа следат десничарските партии Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници, а на последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу со 3,16 отсто и осум пратенички места.

Место во Парламентот обезбеди и досега непознатата Спартанци, поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, Илиас Касидиарис.

Подготвено од М.Н.

About Author