22.06.2023 Скопје
Премиерот на Нов Зеланд, Крис Хипкинс, пред неговото официјално патување во Кина, изјави дека не се согласува со ставот на американскиот претседател Џо Бајден дека кинескиот претседател Си Џинпинг е диктатор.
Кина ја оцени изјавата на Бајден како апсурдна и истакна дека тоа е чиста провокација, односно неочекувано разгорување на непријателството, особено сега откако државниот секретар Ентони Блинкен го посети Пекинг и двете страни се обидоа да ги намалат тензиите во односите.
Хипкинс треба да ја посети Кина од 25 до 30 јуни, предводејќи ја трговската делегација во која има претставници на некои од најголемите компании во Нов Зеланд.
Премиерот на Нов Зеланд ќе се сретне со претседателот на Кина, Си Џинпинг, премиерот Ли Чијанг и претседателот на Постојаниот комитет на кинескиот национален народен конгрес Жао Луџи.
Подготвено од М.Н.