21.06.2023 Скопје
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е првиот играч во историјата кој стигна до бројката од 200 одиграни натпревари за националниот тим.
Роналдо се најде во стартниот состав на португалската репрезентација на гостувањето кај Исланд во квалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2024 година.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ зад себе ги остави Серхио Рамос со 180 натпревари, Џанлуиџи Буфон со 176 натпревари, Икер Касиљас со 167 и Лука Модриќ со 166 натпревари.
Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година на дуелот со Казахстан кога на теренот го замени Луис Фиго.
Подготвено од А.Ѓ.