23.06.2023 Скопје
Нов гаф за претседателот на САД, Џо Бајден, по повод посетата на Вашингтон на индискиот премиер Нарендра Моди. Пред средбата во Белата куќа, двајцата лидери застанаа, за да ги слушнат нивните национални химни. Американскиот претседател првично ја крева раката, приведувајќи ја до срцето, а потоа повторно ја спушта сфаќајќи дека оркестарот ја свири индиската национална химна, наместо „The star spangled banner“.
Бајден е препознатлив по своите гафови, пред извесно време на крајот од митингот во Конектикат, американскиот претседател без очигледна причина извика, „Боже чувај ја кралицата“. Исто така, на 26 мај на средба со женскиот кошаркарски тим на Државниот универзитет во Луизијана во Белата куќа, Бајден изјави дека во неговото семејство сите спортисти се жени, но не го знаеше точниот број на неговите внуки.
Ова е приказна која трае веќе некое време, шефот на Белата куќа за време на претседателската кампања во 2008 година, на митинг во Мисури, со голем акцент му се обрати на локалниот сенатор, повторувајќи неколку пати: „Стани, Чак! Покажете се, уживајте во заслужениот аплауз“, иако на сите им беше познато дека Чак Греам беше параплегичар.
Американците се уште се смеат на официјалната посета на Отава, кога американскиот претседател дури се збунува која нација да ја пофали, „Денес сакам да и честитам на Кина за напредокот во … Хм, извинете, сакам да и честитам на Канада“ .
На претседателот Бајден не му недостига одредена доза на иронија, тој самиот се дефинира дека е машина која несакајќи во јавноста постојано меле гафови.
Подготвено од М.Н.