марјан шокаровски

22.06.2023 Скопје

Министерството за здравство соопшти дека за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен доктор Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање.

Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блог и е ангажиран како асистент на Медицинскиот факултет – Скопје.

Како што информираа од Министерството за здравство, Шокаровски е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во земјава, а вклучен бил и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап.

За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author