izrael nuklearno oruzje iran

02.06.2023 Скопје

Израел ќе направи се што е потребно за да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја затвори истрагата за сомнителна локација, но и покрај тоа, во последните денови кружеа информации дека Израел стравува од тоа дека САД се движат кон нов нуклеарен договор со Техеран, на кој Ерусалим жестоко се противи.

Претходно, портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Лиор Хајат го нарече затворањето на истрагата на МААЕ за сомнителна иранска локација „предмет на голема загриженост“.

За Хајат објаснувањата дадени од Иран за присуството на нуклеарен материјал на локацијата не се сигурни или технички можни, и додаде дека Иран продолжува да ја лаже МААЕ и да ја мами меѓународната заедница, а со тоа сериозно го оштетува професионалниот кедибилитет на МААЕ.

Аналитичарите постојано го поврзуваа Мариван со тајната воена нуклеарна програма на Иран и ја обвинија Исламската Република дека таму извршила високи експлозивни тестови во раните 2000-ти.

Хајат предупреди дека затворањето на случајот може да има исклучително опасни последици, но дека Израел нема да запре со откривање на податоци кои укажуваат дека сепак МААЕ се измамени од страна на Иран.

Подготвено од М.Н.

About Author