https://twitter.com/jensstoltenberg?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Eauthor

22.06.2023 Скопје

Генералниот секретар на Атланската алијанса, Јенс Столтенберг, изјави дека веќе нема никаква можност за конструктивен дијалог меѓу НАТО и Русија, по војната што оваа земја ја води против Украина. Столтенберг додаде дека кога бил премиер на Норвешка (2000-2001 и 2005-2013) се обидел да постигне „компромис“ со Москва, постигнувајќи и успеси, на пример во еколошката и енергетската политика, но сега, конечно е готово и нема опција за било каков дијалог, истакна генералниот секретар на НАТО.

Поразот на Украина во оваа војна против Русија, не само што би бил трагедија за земјата и жртвите на агресија, туку и „опасност“ за НАТО, додаде Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека Кина не ја гледа како „противник“ на Атлантската алијанса. Според поранешниот шеф на владата во Осло, ова мислење го дели и канцеларот на Германија, Олаф Шолц.

Столтенберг потенцираше дека Германија е многу стабилен партнер на НАТО и понатаму, и дека е најсилната економска сила во Европа а доколку ја зголеми својата посветеност на Атлантската алијанса, ќе се примети голема разлика.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во 2022 година вети дека наскоро трајно ќе ги зголеми воените трошоци на 2 отсто од БДП. Сега, во Стратегијата за национална безбедност објавена од федералната влада се наведува дека целта на НАТО ќе се постигне „во повеќегодишен просек“, користејќи го и специјалниот фонд за германските вооружени сили (Бундесвер).

Подготвено од М.Н.

About Author