07.06.2023 Скопје
Германија се подготвува да биде домаќин на најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО, демонстрација на сила наменета да го покаже единството на сојузниците и да ги импресионира потенцијалните противници како Русија.
Во вежбата „Воздушен бранител 23“, која започнува во понеделник и ќе трае до 22 јуни, учествуваат 10.000 војници и 250 авиони од 25 земји и ќе вежбаат одговор на симулиран напад врз земја членка на НАТО.
Вашингтон испраќа 2.000 припадници на американската Национална гарда и околу 100 авиони да учествуваат на оваа обука.
„Ова е вежба која ќе биде апсолутно импресивна за секој што ја гледа, а ние не тераме никого да ја гледа“, изјави американската амбасадорка во Германија, Ејми Гутман.
Таа појасни дека тоа без сомнение ќе ја покаже „агилноста и брзината“ на сојузничките сили и дека би била прилично изненадена доколку некој светски лидер не забележи што покажува во однос на духот и силата на НАТО алијансата.
„И јас го вклучувам и рускиот претседател Владимир Путин“, додаде американската амбасадорка.
Шведска, која се надева дека ќе се приклучи на алијансата, и Јапонија, исто така, ќе учествуваат во вежбите предводени од Германија.
Подготвено од А.Ѓ.