https://www.facebook.com/photo?fbid=486910546811322&set=a.293940512774994

12.06.2023 Скопје

Воздушните вежби „Air Defender 2023“, најголемите што НАТО ги одржува од своето основање во 1949 година, започнуваат денеска во централна Европа и во балтичкиот регион, со учество на 25 земји членки на Атлантската алијанса и нејзините партнери.

Ќе бидат оперативни 10.000 војници и 250 авиони, од кои 70 од Германија и 100 од САД. Целта е да се оптимизира и прошири соработката меѓу земјите учеснички, како и да се покаже силата на НАТО. Оперативното сценарио симулира активирање на член 5 од Северноатлантскиот договор, т.е. вежбање колективна одбрана во случај на напад врз држава членка.

Со својата централна позиција во НАТО, Германија ќе го има водството на „Air Defender 2023“ и ќе претставува центар на операции. Главните точки за полетување ќе бидат базите на Јагел и Хон во Шлезвиг-Холштајн, Вунсторф во Долна Саксонија, Лехфелд во Баварија, Шпангдалем во Рајнланд-Пфалц, Волкел во Холандија и Часлав во Чешка. Маневрите ќе се одржат пред се на германското небо, во Чешка, балтичките земји, Полска и Романија.

Вежбата ќе се фокусира на северна Германија, Северното Море и Балтичкото Море, со затворање на дел од воздушниот простор за цивилни авиони и беспилотни летала.

Во врска со ова, началникот на Генералштабот на германското воздухопловство, генералот Инго Герхарц, предупреди дека цивилните авиони кои летаат над Германија за време на „Air Defender 2023“ може да бидат одложени.

Подготвено од М.Н.

About Author