borbeni avioni jas

13.06.2023 Скопје

Министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен, соопшти дека украинските пилоти би можеле да почнат со обука за летање со Ф-16 авиони од американско производство уште ова лето.

Олонгрен додаде дека целта би била програмата да биде целосно оперативна во рок од шест месеци, и дека Данска каде што се наоѓаат симулаторите за лет, е можна локација за домаќин.

НАТО членките Данска и Холандија ја предводат интернационалната коалиција на земји кои би ги тренирале пилотите и помошниот персонал и на крајот би ја снабдиле Украина со авиони Ф-16, но конечна одлука во врска со побарувањата на владата во Киев за снабдување со авиони Ф-16 се уште не е донесена.

Подготвено од М.Н.

About Author