15.06.2023 Скопје
Вселенската агенција НАСА повторно го одложува Артемида 3, второто слетување на Месечината во историјата на човештвото, поради проблеми со ракетата Спејс Икс Старшип.
Мисијата Артемида 3, која би го извршила првото слетување со екипаж на Месечината овој век, се чини дека повторно се движи за една година. Имено, вселенската агенција НАСА по втор пат ја одложува оваа мисија, првично планирана за 2024 година, бидејќи ракетата SpaceX Starship експлодирала при лансирање во орбитата во април.
Така, по новата смена, мисијата би можела да се одржи дури на крајот на 2026 година. Ракетата Starship, во сопственост на компанијата SpaceX на милијардерот Илон Маск, е вселенското летало кое по втор пат во историјата би ги одвело и спуштило луѓето на Месечината. Во 2021 година, НАСА ја избра како најголема и најмоќна ракета некогаш направена за нејзината нова програма за истражување на Месечината Артемис.
Програмата се состои од неколку мисии, а Артемида 1 веќе беше завршена минатата есен, што вклучуваше испраќање на беспилотна капсула Орион во орбитата на Месечината и назад. Втората мисија е планирана за следната година и во неа треба да учествуваат четворица астронаути, кои би биле лансирани во околината на Месечината со помош на ракетата SLS. Според тоа, круната мисија би била Артемида 3, која би требало да вклучи слетување на човечки екипаж на површината на најблискиот сателит до Земјата по втор пат во историјата на човештвото по таков подвиг на екипажот Аполо 11.
Сепак, не оди се според планот. Првично, ракетата Starship имаше административни проблеми поврзани со сертификацијата, поради што мисијата Артемис 3 е веќе одложена од 2024 година на 2025 година. Сега НАСА повторно ја поместува мисијата за една година, бидејќи во април оваа година прототипот на ракетата експлодираше по лансирањето во орбитата.
За да може ракетата да биде функционална, не и треба само успешен орбитален лет што се случи пред два месеци, по што експлодираше. Сепак, компанијата SpaceX потсетува дека ваквото лансирање се смета за успешно, односно е добар знак доколку ракетата, која се уште е во подготовка, воопшто полета и не ја уништи лансирната рампа.
Во секој случај, се уште е недоволно за успешно испраќање астронаути на Месечината, па агенцијата и компанијата ќе мора да работат на функционалноста на ова летало, поради што е поместен датумот на мисијата. Покрај развојот на ракетата, компанијата треба да обезбеди и инфраструктура која ќе и обезбеди доволно гориво за овој вселенски лет.
Подготвено од А.Ѓ.