21.06.2023 Скопје
Дали и оваа година сакавте да ослабете до лето? Денеска пристигна летото, а некои луѓе се уште не се задоволни од својата фигура.
Ок, не е крај на светот и тоа е затоа што има – жолт сок. Напиток кој ќе ви го забрза метаболизмот, ќе ги исфрли токсините од телото, а ќе добиете потенок струк и потесни колкови.
Плус, од време на време секој организам треба да се одмори од сите штетни материи, да ги зајакне своите одбранбени механизми и да ги нападне масните клетки.
Со овој пијалок, резултатите се брзо видливи.
Овој сок има само четири состојки и тоа ананас, лимон, ѓумбир и јаболко, а полни се со витамини и минерали кои позитивно влијаат на организмот.
Ананасот делува како природен диуретик, помагајќи во излачувањето на вишокот течности, а со тоа помага за детоксикација на телото и слабеење. Ананасот содржи бромелаин, кој ги разложува хранливите материи на помали делови кои телото може побрзо да ги користи како извор на енергија.
Лимонот е богат со витамин Ц и го стимулира лачењето на ензими и го забрзува елиминацијата на отпадните материи и ја враќа виталноста и го подига нивото на енергија.
За џабе не велат „едно јаболко на ден го држи докторот надвор“, а зеленото јаболко е неверојатно. Има висока содржина на влакна кои влијаат на внатрешната рамнотежа и јакнење на метаболизмот, содржи пектин кој помага во контрола на нивото на шеќер во крвта.
А, тука е и ѓумбирот, кој е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото. Освен тоа, помага при надуеност и го забрзува варењето.
– 1/2 ананас
– 1 лимон
– малку ѓумбир
– 1 зелено јаболко
– 500 мл вода
Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте.
Потребно е да пиете 150 мл сок пред секој оброк и по пет дена ќе ги видите првите резултати.
Подготвено од А.Ѓ.