Image by jcomp on Freepik

16.06.2023 Скопје

Најпродаваното пиво во САД повеќе не е американско, а Bad Light го загуби овој примат по 20 години.

Нов „крал“ на пазарот на пиво е мексиканското пиво Modelo, кое продаде најмногу пијалоци со хмељ во четирите недели до 3 јуни, заземајќи 8,4 отсто од малопродажниот пазар, додека Bad Light падна на второто место со удел од 7,3 отсто.

Ако ги погледнеме овие резултати од перспектива на заработка, работите се уште полоши за Bad Light, бидејќи приходите од продажбата на ова пиво во наведениот период паднале за 24,4 отсто месечно, додека приходите од пивото Modelo се зголемиле за 12,2 отсто.

Компанијата Anheuser-Busch, која го произведува Bad Light, скапо ја чинеше одлуката да го рекламира популарното американско пиво со помош на трансродовиот инфлуенсер Дилан Малвани.

Некои истакнати конзервативни лидери и десничарски медиуми го нападнаа Анхојзер-Буш за рекламата, а продажбата на Bad Light опадна за околу 25 отсто неделно во последните неколку недели.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author