13.06.2023 Скопје
Најмалку 14.000 луѓе кои беа евакуирани поради активноста на вулканот Мајон во централниот дел на Филипините би можеле да останат надвор од своите домови со месеци, предупредија властите.
Луѓето кои живеат подалеку од вулканот исто така треба да бидат подготвени за можна евакуација.
Полицијата постави контролни пунктови за да го спречи враќањето на населението.
Загреана лава е забележана како полека тече од кратерот на вулканот Мајон висок 2.462 метри, чија активност беше прогласена во состојба на готовност минатата недела по сеизмичките потреси и стотиците паѓања на карпи.
„Врз основа на нашите претходни искуства, оваа вулканска активност може да трае неколку месеци“, рече Терезито Баколкол, директор на Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, истакнувајќи дека жителите кои живеат на шест километри од вулканот треба да останат во центрите за евакуација.
Вулканот Мајон е еден од најактивните на Филипините, еруптираше повеќе од 50 пати во последните четири века, а поради последната ерупција во 2018 година, десетици илјади локални жители беа евакуирани.
Подготвено од А.Ѓ.