voen brod

26.06.2023 Скопје

Американскиот носач на авиони Џералд Р. Форд (CVN 78) се закотви пред Сплит денес наутро. Тоа е најновиот, но и најголемиот носач на авиони во американската морнарица и не само тоа, ова е и најголемиот носач на авиони во светот, а всушност најголемиот воен брод што е некогаш изграден.

Џералд Р. Форд е првиот носач на авиони во својата класа, а во оперативна услуга беше прифатен во 2017 година. Неговиот развој траеше со години, а вкупните трошоци се искачија на дури 13 милијарди долари. Самиот брод е со огромни размери, долг е 337 местри, висок 76 метри, а тежи повеќе од 100.000 тони.

Се напојува со два нуклеарни реактори A1B произведени од Бехтел, кои му овозможуваат да плови речиси 25 години пред да го замени нуклеарното гориво.

На бродот има повеќе од 4.500 морнари и друг персонал, вклучително и пилоти и луѓе кои управуваат со сите авиони на бродот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author