https://www.facebook.com/photo/?fbid=4677011839011276&set=bc.AbqU0dX8I50oTPfhNL1gso9GCsczBAR7bfc3hxbz98M0e7pIqbxrx7_SfV4CxNCGKXCNQYd4w2Q301GK3xPvE4F3AoGp54m7xkbi3b4gBURDpvhDr7935pBwmfbBg2uRoOeDy9KKdZIeOfunIOcsO0A5&opaqueCursor=Abq1oHa0fGbYOyv54p7ACPwAMfcHN6geF-m_79-6xS1jbNXc9HMMpVFjEG_bi2o-80Yes4KGWbR18jzpWsnpTEXtGyqGqNo47snsW3-2MscG-lAHr2IRCxdtZEd6R1FwTguB9ytb1cxYY4O-lSjzfz3pENmpm8g1urhaOXU65ZpS_kSl40D_qZN6aNnjvQ1L-QP1uFHqbwytDSKXfvuVKknoLN2hdFEt8DFEiikBs8SKD5-eHJ2ULPbatich0eq6mFYmdUYWU4fAjIfcZdLFXOTq1FpSK2exI3KEYzDXXSWkgpAmSVMGo2Jw2zxOdwGXWJHklg6-WCoSPDhH18eeTRLm41rKcorGWtJ9h0rbEzx1hzy1zPzbWZqPQvdGfypZ0Z0bdgupghZyiVdg2GKEkmERiVMADinoYVlpvf6tb19AqDn20rNOtQo0iudAtJiB_XqmlpLqPjDgNvbTTpGp_oxraUi6RwVeExxwi4pX2OvfaA36-6CJErhtTVDmvnWzVMmeVjxbpzjhJjs2SBC2Ek8e-Ckv6YKAEjUT7XpKSnEYlA0JoiziITe_HRXlQGj9CpJDGpczrj-K7E7vjtU0t309gF8AFdfQdi2a7IVwnUJp20ef6hYffW1Wonz2q3y-epAZWAG4g6v3IGMyGfleJSBz

12.06.2023 Скопје

Најактивниот вулкан на Филипините денеска стана активен, исфрлајќи мали количини лава по падините на вулканската планина Мајон, а десетици илјади луѓе се во подготвеност да ја напуштат опасната зона во случај на голема ерупција.

Откако вулканската активност се интензивираше минатата недела, повеќе од 12.600 луѓе побегнаа од главно сиромашните земјоделски заедници во радиус од шест километри од кратерот на Мајон.

Сепак, илјадници луѓе остануваат во опасната зона во подножјето на Мајон бидејќи немаат каде да одат и да ја избегнат потенцијалната поголема опасност.

Директорот на Филипнскиот институт за вулканологија и сеизмологија, Терезито Баколкол, изјави дека зоната со висок ризок околу Мајон може да се прошири доколку ерупцијата стане поинтензивна и поопасна, бидејќи вулканот почна да исфрла помали количини лава во неделата навечер.

Баколкол предупреди дека доколку тоа се случи, луѓето во која било проширена опасна зона треба да бидат подготвени да се евакуираат во засолништата за итни случаи.

„Она што сега го гледаме е непредвидлива вулканска активност и ја следиме од ден на ден“, изјави Баколкол.

Во четвртокот официјално беше прогласено предупредување за вулкан на третото од петте нивоа бидејќи вулканот е активен и непредвидлив и постои ризик од голема ерупција во наредните денови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author