09.06.2023 Скопје
Откако беше откриено дека нафтениот гигант Шеврон закопал јама со токсични хемикалии на земјиште што го купил човек кој изградил куќа на неа, а подоцна му бил дијагностициран рак на крвта, судот во американската сојузна држава Калифорнија ја казни компанијата со 63 милиони долари.
Во тужбата на Кевин Рајт, кој има мултипен миелом, се наведува дека несвесно го изградил својот дом директно над хемиска јама во близина на Санта Барбара во 1985 година.
Според судските документи, почнувајќи од 1974 година, подружница на Шеврон во Калифорнија ја користела јамата за производство на нафта и гас, процес што го оставил канцерогениот хемиски бензен на земјата.
Според овие документи, Рајт купил земјиште и изградил куќа во 1985 година, а речиси три децении подоцна му бил дијагностициран рак на крвта, чија причина можеби е изложеноста на бензен.
Поротниците во Санта Барбара пресудиле против Шеврон во средата и му доделиле на Рајт 63 милиони долари отштета, изјави неговиот адвокат.
Тој го нарече случајот „неоспорен пример за загадување на животната средина и корпоративни малверзации“.
Шеврон објави дека се незадоволни од одлуката на судот и дека ќе се жали на пресудата.
Подготвено од А.Ѓ.