nevreme

13.06.2023 Скопје

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ најави дека иако ја прескокнавме пролетта, летото ќе го чекаме со температури од 30 и повеќе степени. Исто така, предупредува на големи поплави кои може да ја зафатат централна Србија во наредните денови, посочувајќи дека во текот на оваа и следната недела на српското подрачје ќе се судрат два сосема спротивни циклона: едниот носи обилни врнежи, а другиот носи голема топлина, па може да се очекува и запурничаво време.

Според Ристиќ, централните и јужните делови на Србија ќе бидат зафатени од обилни врнежи и се особено ранливи на поплави.

„Од недела почнува да зајакнува африканскиот антициклон, кој носи топло време и многу повеќе сонце, па летото го дочекуваме на 21 јуни со температури околу 30 степени. Се очекува многу сонце и тоа летно време го очекуваме до крајот на јуни. Температурите ќе се движат до 30 степени. Ќе има продор на бранови од северозапад кој ќе донесе благ пад на температурата која не треба да се спушти под 25 степени. Кон крајот на јуни температурата може да оди и над 30 степени“, вели Ристиќ.

Осврнувајќи се на земјотресот што вчера го погоди Параќин, метеорологот Ристиќ посочува дека сме во период кога тресењето на земјата е нормална појава.

„Од самата земја излезе многу енергија со земјотресот во Турција и Сирија. Овој земјотрес што се случи во Параќин треба да почекаме три дена да видиме дали ќе се случи уште еден земјотрес. Централна Србија е обично загрозена во овој поглед. Кога ќе дојдат јули и август, тоа е потивок период. Само да кажам дека големиот земјотрес во Скопје беше на 26 јули. Затоа не смееме да се опуштиме“, заклучува Ристиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author