30.06.2023 Скопје
Нетолеранцијата кон муслиманите и странците, шовинизмот, но и антисемитизмот се широко распространети на истокот на Германија, а таму се особено популарни изјавите на екстремната десница, покажува истражувањето на Универзитетот во Лајпциг.
„Забележавме изразено отуѓување од демократијата“, велат авторите на студијата собрани околу социјалниот психолог и социолог Оливер Декер.
Според овие резултати, ниту половина од испитаниците не се задоволни од секојдневниот живот во демократијата.
Во истражувањето биле вклучени 3.500 испитаници од пет провинции во источна Германија. Саксонија, Саксонија-Анхалт, Тирингија, Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија некогаш биле дел од комунистичката Германска Демократска Република (ГДР).
Во таа област живее петтина од вкупниот број Германци.
Резултатите имаат политичка тежина: околу половина од испитаниците бараат запирање на муслиманската имиграција.
Речиси 70 отсто сметаат дека странците доаѓаат во Германија за да ја искористат социјалната држава, а речиси секој трет испитаник смета дека влијанието на Евреите во земјата е преголемо.
Ваквите политички ставови имаат влијание и врз однесувањето на изборите.
„Резултатите покажуваат дека екстремно десничарските партии со своите идеолошки понуди имаат точки на поврзување со широки слоеви на населението. Меѓу поддржувачите на Алтернатива за Германија (АфД) има најмногу луѓе со екстремна десница“, судат авторите.
Таа партија е особено успешна на истокот на Германија. Само што победи на локалните избори во Тирингија за прв пат од нејзиното формирање.
Дури 33 отсто од испитаниците ја одобруваат изјавата: „Потребен ни е лидер кој би владеел со Германија со цврста рака за доброто на сите“, а дури четвртина од луѓето кои учествувале во истражувањето велат дека националсоцијализмот имал неговите добри страни.
Подготвено од А.Ѓ.