tenis finale roland garros

09.06.2023 Скопје

Чешката тенисерка Каролина Мухова се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Франција, откако во Париз ја совлада втората тенисерка во светот Арина Сабаленка со 7:6 (5), 6:7 (5), 7:5.

Мухова, која е рангирана како 43 тенисерка во светот, по три часа и 13 минути игра ја совлада Белорусинката.

Ова е прво Грен слем финале во кариерата на Мухова, а до него стигна со само два загубени сета. Таа во финалето ќе игра со светската тенисерка број еден, Ига Швјонтек од Полска.

Тенисерката број еден во светот, Ига Швјонтек ќе игра за својата четврта Грен слем титула во кариерата, а трета на „Роланд Гарос“, откако со 6:2, 7:6 (7) ја совлада Бразилката Беатриз Хадад Маја во второто полуфинале во женска конкуренција.

Подготвено од М.Н.

About Author