16.06.2023 Скопје
Младите во Германија кои се полнолетни годинава можат да аплицираат за таканаречен културен пасош (Културпас) преку апликацијата и да искористат 200 евра за културни содржини.
Со парите може да се купат билети за кино, концерт, музеј или театар, како и за книги, звучници или музички инструменти.
Во иницијативата ширум земјата учествуваат околу 4.900 културни институции со околу 1,6 милиони различни понуди.
Околу 750.000 млади луѓе можат да го користат пасошот за култура.
Министерката за култура Клаудија Рот рече дека пасошот за култура е порака до младите кои морале да се изолираат за време на пандемијата, но и поттик за подоцна.
Подготвено од А.Ѓ.