https://www.facebook.com/photo.php?fbid=473126421303311&set=pb.100058178704455.-2207520000.&type=3

19.06.2023 Скопје

Претставникот на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе патува во САД, поради интензивни разговори за настанатата ситуација на северот на Косово.

Лајчак соопшти дека на форумот кој се одржа во четвртокот и петокот во Струга, во фокусот на вниманието на сите биле настаните во регионот, а особено високите тензии меѓу Косово и Србија и ситуацијата на северот на Косово.

Европскиот претставник истакна и дека ги информирал амбасадорите на НАТО и на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово, нагласувајќи дека е неопходно да се преземат чекори за смирување на тензиите.

Лајчак оствари средба и со заменик-генералниот секретар Мирча Џоане, и разговараа за ситуацијата на северот на Косово, а потоа се договорија дека треба да се преземат итни чекори за деескалација во регионот.

Мирослав Лајчак изјави дека претходно ги информирал и своите колеги во Брисел за неодамнешната посета на регионот заедно со специјалниот претставник на САД за актуелната ситуација и за тоа како и што треба да се превземе понатаму.

Подготвено од М.Н.

About Author