ukraina posrednistvo kina

05.06.2023 Скопје

Украина е подготвена да ја прифати Кина како посредник во конфликтот само доколку Пекинг ја принуди Русија да се повлече од сите украински територии, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

„Дајте ми доказ дека Русија е подготвена да живее во мирен соживот со Украина. Првиот сигнал треба да биде целосно ослободување на украинските територии. Нека ни покажат гест на добра волја и нека ги повлечат своите вооружени сили од територијата на Украина“, изјави Резников.

Украинскиот министер за одбрана тврди дека Кина може да ја искористи Русија, но нејзините намери сепак ќе останат нејасни.

Подготвено од М.Н.

About Author