08.06.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија, соопшти министерството за надворешни работи.
Министерскиот состанок е во организација на државниот секретар на САД Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд, стои во соопштението на МНР.
На годишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против ДАЕШ/ИСИС ќе учествуваат претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата, а главна дебата на министрите од земјите членки на Глобалната коалиција ќе биде дискусијата за ДАЕШ/ИСИС во Ирак и Сирија, Африка, централна Азија и Авганистан, и како работните групи на Коалицијата се справуваат со овие закани, соопштија од МНР.
Подготвено од М.Н.