10.06.2023 Скопје
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, е во официјална посета на Вермонт каде се обрати на церемонијата со која беше одбележано 30-годишното партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, и со гувернерот на Вермонт, Фил Скот го потпишаа и свечениот документ кој го рефлектира ова тридецениско партнерство и посветеноста на Армијата и на Националната гарда на идните заеднички активности.
Петровска истакна дека, денес кога се соочуваме со комплексни предизвици, мораме да останеме агилни, и да се адаптираме на промените, да продолжиме заедно и здружени да изнаоѓаме решенија кои ќе ја зацврстат нашата колективна безбедност.
„Чекорејќи во оваа нова фаза на нашето партнерство, ние мораме да бидеме и храбри и амбициозни во нашите цели. Постигнувањата од изминатите 30 години се пример за нашата отпорност и колективните капацитети. Сега е време да бидеме уште поодлучни и да ги поместиме границите на она што можеме да го достигнеме заедно“, истакна министерката Петровска на церемонијата во Вермонт.
Подготвено од М.Н.