https://www.facebook.com/ville.ajaccio.corsica/photos/t.100044253888108/5295867173854935/?type=3

19.06.2023 Скопје

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе изјави дека сигурно ќе игра за клубот од Париз следната сезона и додаде дека во јуни 2024 година ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Мбапе неодамна објави дека ги известил челниците на ПСЖ дека нема да ја активира клаузулата во договорот за продолжување на соработката со „светците“ до јуни 2025 година. Францускиот репрезентативец би можел да го напушти ПСЖ без обештетување на крајот од следната сезона.

„Ќе останам во ПСЖ следната сезона, а потоа во јуни 2024 година ќе одлучам за мојата иднина. Многу работи можат да се случат за една година, особено во клуб како ПСЖ“, изјави Мбапе.

Интерес за напаѓачот на ПСЖ покажа Реал. Тој во моментов е на подготовки со француската репрезентација во пресрет на натпреварот со Грција во квалификациите за ЕП 2024 година.

Мбапе (24) пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако. За францускиот шампион оваа сезона одигра 43 натпревари и постигна 41 гол во сите натпреварувања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author