29.06.2023 Скопје
Мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе биде продолжен за една година, но официјалното соопштение ќе треба да се почека следната недела.
Поранешниот норвешки премиер кој е на функцијата девет години како генерален секретар на Атлантската алијанса на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во средината на јуни изјави дека нема да бара продолжување на својот мандат, бидејќи тоа е одлука што припаѓа на сојузниците.
Дебатата за наследникот на Столтенберг стана се поитна со оглед на самитот на НАТО во Вилнус закажан за следниот 11-12 јули. Мандатот на Столтенберг до сега веќе трипати е продолжуван, а сегашниот мандат треба да истече на 30 септември 2023 година. Норвешкиот политичар е генерален секретар на НАТО од октомври 2014 година.
Подготвено од М.Н.