30.06.2023 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го свика својот кабинет на вториот кризен состанок за два дена, откако избија масовни немири низ земјата.
Средбата ќе се одржи во време кога десничарските и екстремно десничарските политичари бараат прогласување вонредна состојба, која, доколку се спроведе, ќе им даде посебни овластувања на властите кога институциите во земјата ќе се сметаат за „под закана“.
Ова и овозможува на владата да воведе полициски час, да забрани собири и јавни настани.
Подготвено од А.Ѓ.