ramiz merko

21.06.2023 Скопје

Соединетите Американски Држави го прогласија градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко за персона нон грата поради вмешаност во корупција и ќе добие забрана за влез во САД.

Како што соопшти Стејт департментот, Мерко како градоначалник на Струга злоупотребувал средства и се мешал во судски и други јавни процеси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во демократските институции и функционери на Република Северна Македонија.

„Денешната акција испраќа порака дека Соединетите Американски Држави стојат со Република Северна Македонија во промовирањето на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците поврзани со владеењето на правото“, посочува Стејт департментот.

Ова, како што се наведува, ја потврдува посветеноста на САД во борбата против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја ограничува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author