https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/photos/pb.100063469669721.-2207520000./6410348432331944/?type=3

20.06.2023 Скопје

Репрезентацијата на Maкедонија вчера доживеа дебакл каков што не паметиме, Англија на „Олд Трафорд“ не победи со резултат 7:0.

Првите 15-тина минути од натпреварот поминаа мирно без посериозни прилики на двете страни, нашата репорезентација на двапати влегоа во противничкиот шеснаесетник преку Ашковски кој загуби дуел од Мегваер и Трајковски кој испрати нафрлување од десната страна.

Капитенот на нашата репрезентација, Стефан Ристовски, во 16-тата минута имаше жесток судир со капитенот на Англичаните, Хари Кејн. Ристовски помина полошо во тој дуел, но како вистински борец по неколку минути кои беа потребни да се санира повредата се врати на теренот.

Англичаните буквално ја казнуваа секоја грешка на нашата репрезентација, па само осум минути по првиот гол на Кејн во листата на стрелците се запиша и Сака.

Нападите во првите 45 минути на избраниците на Герет Саутгејт без безгрешни, па така во листата на стрелци се запиша и третиот напаѓач Маркус Рашфорд.

Второто полувреме македонската репрезентација го започна со измена во која Ристовски очигледно не можеше да издржи по оној дуел со Кејн, и на негово место влезе Егзон Бејтулаи.

Но и таа измена на теренот за нашата репрезентација не промени апсолутно ништо, бидејќи Сака во следните пет минути постигна два гола за резултат 5:0, а до крајoт во листата на стрелци се запиша и Филипс, и Кејн со својот втор гол за конечен резултат 7:0.

Подготвено од М.Н.

About Author