06.06.2023 Скопје
Вработените во Македонска филхармонија денеска излегоа на протест поради одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција.
Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски на протестот изјави дека оваа одлука уште не е променета е дека тие побарале прием кај премиерот Ковачевски но се уште не добиле никаков одговор.
Лазаревски ја повика министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска да ги информира дали е најден нов простор на Џез оркестарот.
Лазаревски потенцираше дека недостатокот на комуникација и заеднички јазик биле главна причина за создавање на овој проблем уште на самиот почеток, и затоа уште еднаш јавно ја повикуваат министерката да излезе со соопштение во јавноста и да ги информира и вработените во Филхармонија бидејќи тие се директно засегнати од оваа ситуација.
Подготвено од М.Н.