https://www.facebook.com/photo.php?fbid=372328521602859&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

28.06.2023 Скопје

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда изјави дека Литванија купува два противвоздушни системи за одбрана НАСАМС за Украина.

„Ќе биде испорачано во Украина што е можно поскоро“, рече Наузеда, кој денеска е во посета на Киев.

Договорот беше потпишан во вторникот меѓу Литванија, Норвешка и норвешкиот продуцент Конгсберг Групен.

Литванија купува два НАСАМС за Украина за 9,8 милиони евра и ќе ги испорача во рок од три месеци, соопшти денеска Министерството за одбрана на балтичката земја.

Ова е реакција на Литванија на итното барање на Украина за помош за зајакнување на противвоздушната одбрана по руските напади врз воени и цивилни цели, се додава во соопштението.

Наузеда денеска во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за аспирацијата на Украина за членство во НАТО.

Во вторникот Зеленски повторно повика Украина да добие „политичка покана“ за членство во НАТО на самитот на членките на НАТО во Литванија на 11 и 12 јули.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author