Image by Racool_studio on Freepik

07.06.2023 Скопје

За време на топлите денови, а особено ноќе, би сакале нешто да не разлади и да не опушти. Во тој случај, ледениот чај е идеален за мирен сон.

Ви пренесуваме неколку рецепти, а вие одберете го оној кој најмногу ви се допаѓа.

По напорниот ден, билниот чај е токму она што ви треба.

Освежителни и ароматични, овие напитоци можат да спречат многу здравствени проблеми, но и да ги ублажат постоечките симптоми. Пред сè, ќе ви помогне да се разладите, да ги опуштите умот и телото.

Подготвувањето на овој билен чај е прилично едноставно, само следете ги чекорите. Користете ги лековитите билки кои најмногу ги сакате и засладете ги по желба со природен засладувач.

Состојки:

– 1/2 чаша зовриена вода
– 1-2 лажици сушени билки
– Засладувач по вкус

Подготовка: Билките прелијте ги со врела вода. Се остава покриено половина час. Процедете. Оставете го чајот да се излади, засладете по желба и додадете неколку коцки мраз. Во чајот можете да додадете и сок од лимон.

Тоа е основниот рецепт, а ова се билките што можете да ги користите:

Пеперминт

Вкусот на нане создава ефект на ладење. Нането има карактеристичен мирис и вкус како и лековити својства. Го смирува дигестивниот и нервниот систем. Оваа билка исто така го подобрува варењето и го намалува апетитот.

Коприви

Уште еден одличен избор за овој чај. Тоа е еквивалент на зелениот сок бидејќи има висока содржина на витамин Ц и минерали како што се железо, калциум и магнезиум. Летниот период е полн со алергени, а чајот од коприва е идеален за ублажување на тегобите.

Хибискус

Овој рубин црвен ладен чај е се што ви треба ова лето. Не само што ќе ве освежи и разлади, туку е и исклучително здрав за срцето. Научните студии докажаа дека го регулира крвниот притисок, како и топлината на телото. Исто така, има својства против стареење бидејќи ја подобрува еластичноста на кожата. Полн е со витамин Ц и антиоксиданси, што го прави здрав избор.

Матичник

Друг член на семејството нане, но со повеќе цитрусен вкус. Познат е по својот смирувачки ефект. Го релаксира нервниот систем, па не е ни чудо што се препорачува при анксиозност и несоница. Исто така, му помага на телото полесно да се бори против стресот.

Хризантема

Доколку сакате да избегнете алергија на сонце или главоболка, хризантемата е одличен избор. Традиционално се користи како разладен пијалок за време на летните горештини. Го лади црниот дроб и ги храни очите. И не само тоа! Постепено го лади телото, што е токму она што ви треба во текот на летните денови и ноќи.

Од летните горештини не можете да избегате, но можете да си олесните со овие ледени чаеви.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author