https://www.facebook.com/photo?fbid=694381169177834&set=pcb.694381365844481

12.06.2023 Скопје

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се надева на подобар резултат од минатонеделната мисија на Косово и Метохија со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Отпатувавме во регионот со цел да се справиме со тензичната ситуација во северно Косово на која сите бевме сведоци минатата недела и да го истражиме потенцијалот за политичко решение. Во Косово се сретнавме со највисокото раководство, вклучувајќи ja претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и првиот потпретседател на владата Бесник Бисљими. Дискусијата беше долга. Ја пренесовме нашата загриженост за ситуацијата на северот и ја истакнавме потребата од итна деескалација“, посочи Лајчак.

Тој потврди дека и ЕУ и САД побараа итна деескалација, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација.

Според него, заедно со Ескобар бил воспоставен контакт со опозициските лидери на косовските Албанци, на кои им биле претставени последиците од актуелната криза и штетата што таа ја нанесува на меѓународниот углед на т.н. на Косово и до нив е испратен апел да ја поддржат потрагата по политичко решение.

„Јас и Ескобар се сретнавме и со претставници на Српската листа и граѓанското општество, со цел да го слушнеме нивното мислење и да им објасниме зошто е важно косовските Срби да учествуваат на новите избори. Од Приштина ја продолживме нашата мисија во Белград. каде што имавме подеднакво долги, нималку лесни разговори со претседателот Вучиќ“, рече Лајчак.

Според него, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му било кажано дека треба да придонесе за излез од актуелната криза.

„Се занимававме со сложената ситуација на Србите во Косово. Посебно нагласивме дека, иако сите граѓани имаат право на мирни протести, насилството никогаш не е прифатливо и не може да помине неказнето“, рече Лајчак, додавајќи дека и покрај некои позитивни сигнали, тензиите продолжуваат да растат.

„Сега се вратив во Брисел за да ги информирам ЕУ и земјите-членки за моите наоди и следни чекори. Продолжуваме со нашите напори да овозможиме и поддржиме одржливо политичко решение“, рече Лајчак.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author