https://www.facebook.com/photo.php?fbid=664492385044492&set=pb.100044512086347.-2207520000.&type=3

15.06.2023 Скопје

Премиерот на приштинските привремени институции Албин Курти денеска изјави дека на седницата на Советот за безбедност во Приштина се разговарало за општата безбедносна состојба во земјата, пред се во четири општини на северот на Косово и Метохија и долж административната граница.

Тој рече дека безбедносните служби го подигнале нивото на безбедност, дека има зголемени контроли долж административниот премин, како и дека има ограничен сообраќај и зголемена контрола на возилата кои влегуваат од Србија.

„Она што е чудно е молкот и толеранцијата на меѓународните фактори кон постапките на Србија, која постојано бара изговори за дестабилизација и ескалација“, рече Курти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author