08.06.2023 Скопје
Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека нема добиено никаков ултиматум од меѓународната заедница во врска со ситуацијата на северот на Косово и дека работите не можат да се решат со притисок или со споменување на последиците.
Курти истакна дека на средбата со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и претставникот на ЕУ за дијалог Косово-Србија, Мирослав Лајчак понудиле безбеден излез од кризата на северот, кој, според него, бил предизвикан од нелегални структури во Србија.
„Не добив никаков ултиматум. Се сретнавме и разговаравме и понудив безбеден пат за стабилен излез од кризата на северот на Косово предизвикана од нелегални структури. Првата е владеење на правото, имаме десетици војници на НАТО. Косовските полицајци и новинари кои беа жртви на невидената жестокост на насилните екстремисти“, изјави Курти во изјава за медиумите по џудо активноста одржана во салата „Минатори“ во Митровица.
Тој изјави дека не мисли дека овие работи можат да се решат со притисоци и спомнување на последиците, а можеби и санкции на најдемократската и најнапредна држава на Западен Балкан.
„Уверен сум дека ќе успееме да ги разјасниме нејаснотијата. Имаме предизвици и со двете. Но нашите билатерални односи со ЕУ и со САД се одлични, кога како посредник ќе дојде американски или европски емисар, тогаш Европа или Америка не се доведуваат во прашање. тука е во прашање односот со Србија“, продолжи Курти.
Подготвено од А.Ѓ.