kriptovaluti koreja

20.06.2023 Скопје

Меѓународен бегалец и т.н „Кралот на криптовалутите“ Хјеонг До Квон и неговиот деловен партнер Хон Чанг Џон во понеделникот беа осудени на по четири месеци затвор во Основниот суд во Подгорица за фалсификување патни исправи.

Во нивната казна е вклучено и времето поминато во притвор во Подгорица, каде што се од 23 март.

„На осудените им е одредена мерка за безбедност, одземање на јавни исправи и тоа: два пасоши на Костарика и два на Белгија и две лични карти“, се вели во соопштението на судот во Подгорица.

До Квон и Чанг Јеон беа обвинети дека фалсификувале пасоши со кои имале намера да ја напуштат Црна Гора на 23 март со приватен лет за Дубаи, кога биле уапсени.

До Квон и претходно беше баран од Интерпол под обвинение за меѓународна измама вредна 40 милијарди долари преку криптовалути, а негова екстрадиција бараат Јужна Кореја и САД.

Црногорскиот суд допрва треба да донесе одлука за екстрадиција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author