14.06.2023 Скопје
Премиерот на Косово, Албин Курти, претстави план за намалување на тензиите на северот на Косово, кој вклучува нови локални избори и намалување на присуството на специјалните сили, попуштајќи на притисокот на западните сојузници.
По нередите во Звечан, во кои беа повредени и 30 припадници на КФОР, САД и ЕУ го повикаа Курти да ги повлече специјалните сили и албанските градоначалници избрани на неодамнешните избори, што Србите ги бојкотираа.
Владата на Косово ќе се коирдинира и ќе објави предвремени избори во четирите општини на северот, изјави Курти откако оствари средба со амбасадорите на САД, Италија, Франција, Германија и Британија.
Подготвено од М.Н.