17.06.2023 Скопје
Американскиот милијардер Илон Маск денеска изјави дека очекува неговата компанија Neuralink да го вгради првиот мозочен чип до крајот на годината.
Тој го изјави ова на конференцијата VivaTech во Париз.
Минатиот месец, Neuralink доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови (FDA) за своето прво клиничко испитување на луѓе.
Одлуката претставува пресвртница за стартапот, кој се соочува со истраги во САД за ракување со експерименти со животни.
Подготвено од А.Ѓ.