19.06.2023 Скопје
Компанијата „Интел“, американски производител на чипови, ќе изгради нова фабрика во Израел вредна 25 милијарди долари, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, истакнувајќи дека тоа е најголемата странска инвестиција досега во таа земја.
Израелското Министерство за финансии соопшти дека фабриката во Кирјат Гат треба да биде отворена во 2027 година и треба да вработи илјадници луѓе.
Според Нетанјаху, договорот предвидува „Интел“ наместо досегашните пет да плаќа даночна стапка од 7,5 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.