27.06.2023 Скопје
Кире Лазаров објави крај на играчката кариера во јуни минатата година, и со својот статус се запиша како еден од најдобрите голгетери во историјата на ракометот со освоени повеќе од 50 трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампионите со Барселона.
Лазаров се најде меѓу легендите на европскиот ракомет кои беа примени во нововостановената Куќа на славните на Европската ракометна федерација (ЕХФ), која вчеравечер беше промовирана со свечен настан во Виена.
Актуелниот селектор на машката репрезентација на Македонија е еден од 60-темина ракометари и ракометарки кои ја сочинуваат првата генерација членови на Куќата на славните, која се формира по повод 30 години од основањето на ЕХФ.
Покрај Лазаров, во одбраното друштво влегоа уште двајца десни бекови, Исланѓанецот Олафур Стефансон и Унгарецот Ласло Наѓ.
Подготвено од М.Н.