19.06.2023 Скопје
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска во Берлин ќе оствари средба со кинескиот премиер Ли Кианг, кој допатува во главниот град на Германија за да учествува на консултациите меѓу извршната власт на неговата земја и онаа на канцеларот Олаф Шолц.
Двајцата шефови на влади ќе се сретнат вечерва на заедничка вечера, а потоа ќе копретседаваат со разговорите меѓу министрите на состанокот кој е закажан за утре, 20 јуни.
Според кинеската амбасада во Берлин, патувањето на Ли во Германија е патување кое носи пријателство и ја продлабочува соработката меѓу двете страните.
Во духот на взаемно почитување, кинеската делегација е подготвена заеднички да го искористи потенцијалот за соработка, соодветно да ги решава разликите и да ја збогати содржината на глобалното стратешко партнерство меѓу Кина и Германија.
За возврат, Шолц изјави дека очекува „многу важен“ состанок од владините консултации меѓу Германија и Кина. Како што пренесуваат германските медиуми, според шефот на федералната влада, „времето е вистинско“ и постои меѓународна ситуација во која „има особено смисла“ да се водат разговори.
Главни теми ќе бидат борбата против климатските промени и преструктуирањето на економијата, а дополнително, ќе биде разгледана и војната што Русија ја води против Украина, во која Кина се обидува да посредува.
Подготвено од М.Н.