22.06.2023 Скопје
Санкциите што Г7 би можеле да и ги наметнат на Кина во случај на офанзива против Тајван би ја чинеле светската економија три трилиони долари.
Ова е извештај од „Санкционирање на Кина во тајванската криза, сценарија и ризици“, објавен од американскиот тинк-тенк Атлантик совет и истражувачката компанија Родиум Груп, со цел да се идентификуваат трошоците и алатките што треба да се усвојат како одговор на сила против островот.
Анализата се фокусира на можни санкции во неколку области, вклучувајќи го и финансискиот сектор на Кина, индустрии кои имаат врски со нејзината војска, поединци и компании поврзани со кинески политички и воени лидери.
Во случај на насилна акција против Тајван, Г7 најверојатно ќе ги фаворизира финансиските санкции, контролата на извозот и другите ограничувања што ќе и наштетат на азиската велесила повеќе отколку на Западот, објаснуваат аналитичарите, прецизирајќи дека рестриктивните мерки би можеле да ги погодат особено хемикалиите, металите, електроника, бродоградба и воздухопловна индустрија, кои вработуваат 45 милиони работници и генерираат приходи од повеќе од 6,7 трилиони долари на годишно ниво.
Подготвено од М.Н.