kina vojska

29.06.2023 Скопје

Со зголемувањето на ризикот од воен конфликт меѓу Кина и Америка, кинеските војници почнаа да моделираат сценарија за „тотална војна“.

„Кинеската војска неодамна вклучи сценарио за „тотална војна“ при тестирањето и оценувањето на перформансите на новото оружје, бидејќи ризикот од воен конфликт меѓу Кина и САД го достигна највисокото ниво во последните децении“, напиша SouthChinaMorningPost, повикувајќи се експерти кои се вклучени во проектот.

Како што е објаснето, „тотална војна“ подразбира дека една земја ќе ги искористи сите расположливи ресурси и способности за да победи во конфликтот. Ова ги вклучува не само можностите на армијата, туку и улогата на цивилното население и економијата на земјата.

Потенцијалниот противник на Кина во сценаријата за „тотална војна“ не е конкретно именуван, но е означен како „синиот сојуз“.

Меѓутоа, како што пишува весникот, во делата на групата предводена од истражувачот Фан Канксин од одредот 91404 на Народноослободителната армија на Кина, меѓу воената опрема на хипотетичкиот противник се споменуваат уништувачите од класата „Арли Бурк“, кои се дел од вооружувањето на Соединетите Американски Држави и Јапонија.

Научниците моделираа пет нивоа на интензитет на можен конфликт. Во првата фаза (едноставен конфликт) „сојузот“ не е вклучен, а бродовите на кинеската морнарица се борат со два одделни противници.

Во најсилната, петта фаза, „сојузот“ се приклучува на конфликтот и конфликтот ескалира во војна од целосен размер во која бродовите на кинеската морнарица би можеле да бидат нападнати од повеќе страни користејќи над 11 типови различни проектили и преку три типа торпеда.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author