kina rusija

26.06.2023 Скопје

Кина ја повтори својата поддршка за руската влада по краткотрајниот бунт во кој паравоената група Вагнер, предводена од Евгениј Пригожин, одигра водечка улога минатиот викенд.

За првпат официјално коментирајќи ги драматичните настани во Русија, кинеското Министерство за надворешни работи во соопштение истакна дека она што се случило е „внатрешно прашање на Русија“. „Како пријателски сосед на Русија и глобален стратешки координативен партнер за новата ера, Кина ја поддржува Русија во одржувањето на нејзината национална стабилност и постигнувањето развој и просперитет“, се вели во соопштението.

Внимателниот став на Пекинг доаѓа дури откако кризата во Русија стивна, со егзилот на Пригожин во Белорусија и враќањето на милицијата Вагнер во нивните напредни бази во Украина.

Кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, во Пекинг остварил средба со заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко. Ова се дознава од изјавата на кинеските дипломати, според која двајцата размениле мислења за билатералните односи.

Подготвено од М.Н.

About Author