https://www.facebook.com/photo.php?fbid=519249603356174&set=pb.100058134157277.-2207520000.&type=3

06.06.2023 Скопје

Каролина Мухова се пласираше во полуфиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“, откако денеска во четвртфиналето ја совлада Русинката Анастасија Пављученкова со 7:5 и 6:2.

Мухова водеше со 2:0 и 3:1 во првиот сет, но Пављученкова го сврте резултатот и поведе со 4:3. Потоа се играше гем за гем, а чешката тенисерка го доби првиот сет со 7:5.

Мухова вториот сет го освои со 6:2 и со тоа се избори за пласман во полуфиналето, каде ќе игра со победничката од мечот меѓу Украинката Елина Свитолина и Белорусинката Арина Сабаленка.

Во женска конкуренција Мухова е 43 тенисерка на светот и за 98 минути игра триумфираше над Пављученкова која е 333 тенисерка на светот.

Подготвено од М.Н.

About Author