09.06.2023 Скопје
Плажата Болата се наоѓа во Бугарија, која со години се води како најубава во Европа.
Не се работи само за прекрасна песочна плажа покрај плитко и мирно море, туку и за идилично место каде преовладува мир и тишина и нема голема гужва.
И додека бројните бугарски плажи станаа популарни меѓу туристите од целиот свет кои масовно ги посетуваат, на Болата сè уште нема колони автомобили со странски регистрации.
Болата се наоѓа во истоимениот залив на северниот бугарски брег на Црното Море и во рамките на природниот резерват Калиакра. Првата населба – селото Булгарево е на околу пет километри од оваа плажа, а во близина е и градот Каварна. До плажата може лесно да се стигне со личен или изнајмен автомобил.
Полукружната песочна плажа е одлично место за летни одмори и љубители на морски активности. Благодарение на два брана, водата до него е плитка и без големи бранови, па затоа е идеално решение за сите оние поединци кои не се многу вешти пливачи.
За време на најтоплите месеци – јуни, јули и август – просечната температура таму се движи од 26 до 30 степени Целзиусови. Во летната сезона, во близина на плажата има неколку барови кои служат освежување. Во останатиот дел од годината потребно е да се обезбеди освежување и храна пред заминување за Болат.
Подготвено од А.Ѓ.