https://www.facebook.com/VMarinkovicOfficial/photos/pb.100044505543357.-2207520000./2091507787785041/?type=3

15.06.2023 Скопје

Центарот на Денвер и српски репрезентативец Никола Јокиќ денеска изјави дека кошарката не му е главната работа во животот, туку нешто во што навистина го бива.

Јокиќ со тимот на Денвер ја освои титулата во НБА лигата, а српскиот кошаркар беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалната серија. Денвер ја освои првата титула во клупската историја со победата од 4:1 над Мајами во финалната серија.

„Тоа е добро чувство. Секогаш е добро кога ќе ја достигнеш целта, но се е до патувањето. Губиш, се чувствуваш под притисок и стрес, се сомневаш во себе. Кога ќе ја постигнеш целта, сè е опуштено“, изјави Јокиќ.

Српскиот кошаркар истакна дека верува дека може да биде уште подобар.

„Мислам дека можам да бидам подобар, но мора да се жртвуваш. Кошарката не е главната работа во мојот живот, тоа е нешто во што сум добар“, додаде Јокиќ.

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, по освојувањето на титулата изјави дека очекува повеќе трофеи за Денвер.

„Мелоун е многу конкурентен. Што и да играте со него, тој сака да се натпреварува. Секогаш сака повеќе и тоа е причината зошто победивме“, изјави српскиот кошаркар.

Српскиот кошаркар упати низа пофалби за соиграчот Џамало Мареј и тренерот Мелоун.

„Навистина им верувам. Тоа е најважно и затоа победуваме. Џамал ​​беше повреден и мислеше дека клубот ќе го размени. Играше лошо, медиумите зборуваа лошо за него. Но, тој им докажа на сите… Не на сите, докажа дека може да води шампионска екипа“, изјави Јокиќ.

Јокиќ денеска ќе има шампионска парада со Нагетс по улиците на Денвер, а потоа ќе отпатува за Србија.

Во врска со тоа дали ќе има прослава во Србија, Јокиќ истакна дека не знае и дека не сака ништо големо, сака да се опушти и да си оди дома, да биде во близина на неговите пријатели и семејството.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author